На Инстаграм профилите на Џиџи Хадид и Томи Хилфигер изминатава недела постепено се најавуваше новата капсулна колекција на моделот за овој бренд.
Сега е објавен целиот лукбук, па љубителите на овој бренд и на Џиџи можат конечно да ги видат и новите парчиња во целост.
Инаку, TommyxGigi Spring 2017 е инспирирана од Калифорнија, што и не е за изненадување, бидејќи Хадид е родена таму, а комбинациите се урбани и колоритни.
Жолти поло маици, комбинезони, костими за капење со различни принтови и во многу бои, како и модни додатоци – ранци, обувки со дебели платформи и слично се само дел од она што ја сочинува целата капсулна колекција.
Инаку, четири од парчињата (бомбер јакна, фармерки, дуксер и поло маица) претходно беа ставени на социјалните мрежи и потенцијалните купувачи можеа да гласаат за нив и да го изразат своето мислење.
Со оглед на тоа дека брендот функционира по принципот „види-купи“ (see now-buy now), колекцијата ќе биде во продажба на 8-ми февруари и тоа по ревијата во Лос Анџелес, а потоа и онлајн.