Изложба на најконтроверзниот куториер во Њујорк
•
30 октомври 2013
Жан Пол Готје, кој важи за еден од најконтроверзните куториери, денеска во предградието на Њујорк, Бруклин, ја отвара својата изложба насловена: From the Sidewalk to the Catwalk.
Модната приказна на славниот дизајнер е раскажана преку 150 препознатливи уметнички парчиња кои веќе беа изложени во неколку светски модни метрополи.
Безвременскиот розов корсет на Мадона и фустанот кој прв пат го носеше андрогениот модел Андреј Пејич, се само најава за големината на оваа уметничка поставка.
Следна станица на оваа модна авантура е закажана за 14-ти април во Лондон.