Изложбата со наслов „Savage beauty“ е всушност спој на колекциите на дизајнерот од неговото дипломирање во 1992 година, па се до недовршената есенско -зимска колекција за 2010 година. Музејот на уметноста Метрополитен или само „Мет“ прв пат ја прикажа оваа изложба од 4-ти мај до 7--ми август 2011 година, а самата посетеност на изложбата придонесе таа да стане 8-ма по ред најпопуларна изложба со 661. 509 посетители, по изложбата за богатството на Тутанкамот во 1978, Мона Лиза во 1963 година и Пикасо во 2010 година.
Директорот на V&A Мартин Рот, не го криеше задоволството од одржувањето на оваа изложба и од прославувањето на креативниот талент на еден од најдобрите иновативни дизајнери кој остави големо богатство зад себе - „ Александар Меквин студиите ги заврши во Лондон и од тука ја почна неговата кариера и токму затоа е многу важно изложбата да биде презентирана токму во Англија“.
„Savage beauty“ е приказна раскажана од најталентираниот дизајнер на нашето време. Ние сме горди што ќе можеме да ја изложиме неговата работа која ќе биде инспирација за сите идни генерации“- изјави Џонатан Ејкроуд, извршен директор на Меквин.
Влезниците се пуштени во продажба од денес по цена од 16 фунти. Изложбата ќе биде направена по примерот од Метрополитен, а за тоа ќе се погрижи Ендру Болтон, кој беше координатор за изложбата во Њујорк.