Преслаткото четиригодишно девојче стана позната по креациите кои ги правеше во соработка со нејзината мајка Енџи, а по примерот на познати ѕвезди, кои се појавиле на различни манифестации. Речиси половина година подоцна откако медиумите прв пат пишаа за неа, Мејхем е повторно во центарот на вниманието и тоа заради новата соработка со J. Crew, бренд кој е актуелен на американскиот пазар.
Мејхем која живее во Охајо, била незадоволна од понудата на фустани во бутиците, па решила да си игра со разни материјали. Благодарение на помошта од нејзината мајка Енџи, таа создала креации според моделите на фустани кои ги носеле разни холивудски ѕвезди, а по објавувањето на фотографиите на социјалните мрежи, широкиот аудиториум се заинтересира за работата на креативното девојче.
Талентот на Мејхем го препознала креативната директорка на J. Crew, Џена Лионс која и предложила на малата дизајнерка да креира колекција облека, аксесоари и чевли и тоа за детската линија Crewcuts. Четиригодишното девојче веќе беше во Њујорк, каде во студиото заедно со тимот на брендот креираше неколку хартиени комбинации, кои дизајнерскиот тим ќе ги разработи и реализира. Дизајнерска ѕвезда на повидок!