Јунаците од „La Casa De Papel“ на црвениот килим во Мадрид на премиерата на последната сезона

2 декември 2021

Утре Netflix започнува со емитувањето на вториот дел од последната, 5-та сезона на мега популарната серија „La Casa De Papel".

По тој повод, екипата на „професорот" завчера продефилира на црвениот килим на премиерата во Мадрид и уште еднаш покажаа зошто публиката ги обожува.

Харизматични, насмеани и секој во свој стилски фазон, Токио (Урсула Корберо), Рио (Мигел Еран), Лисабон (Ицијар Итуњо), Хелсинки (Дарко Периќ), Берлин (Педро Алонсо), Денвер (Хаиме Лоренте), Осло (Радко Драгиќ), Москва (Агустин Рамос) и останатите ѕвезди од бандата на Професорот (Алваро Морте), шармираа пред медиумите и публиката која со нетрпение очекува да види како ќе заврши приказната која во текот на сите претходни сезони ја водеше драматичен и динамичен наратив.

Благодарение на серијата, актерите инстантно стекнаа светска слава и сега се вистински ѕвезди рамо до рамо со оние од Холивуд, иако поголемиот дел од нив претходно беа само локално познати.

Серијата започна да се емитува во 2017 година и благодарение на интригантната приказна и возбудливо сценарио во кое негативците стануваат омилени протагонисти, за кратко време стекна светска слава и успеа да го задржи вниманието на фановите до самиот крај.

Фото: facebook/MoneyHeist/trinube.com/pinkvilla/pakkikhabar.in

Објавено:
2 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.068 пати