Како се создаваше фустанот на Пепелашка...

6 април 2015

Филмската адаптација „Пепелашка“ во режија на легендарниот Кенет Брана е вистински хит насекаде низ светот. Една од работите на која сите се воодушевуваат кога е овој филм во прашање, е костимографијата.

Досега пишувавме за костимите што ги носи Кејт Бланшет, која ја игра лошата маќеата, но сега ќе се осврнеме на фасцинантниот син фустан на Пепелашка, што во филмот го носи актерката Лили Џејмс.

И медиумите и обожавателите го опишуваат како еден од најспектакуларните костими некогаш изработен. А за да биде таков, во процесот на работа бил вклучен тим од 20 луѓе. За создавање на осум верзии на фустанот, биле потрошени 4.000 часа.

На крајот, финалниот производ успеал да го одземе здивот на сите, што била и целта.

Во продолжение, костимографката Сенди Пауел, раскажува како течеле подготовките на фустанот.

Осум различни фустани - а една Пепелашка

„Од Пепелашка се очекува да танцува и трча, односно бега  доцна во ноќта, па сакав да направам фустан што ќе биде лесен како воздух и лелеав како вода. Костимографката Џејн Лоу и јас го постигнавме тоа со изборот на ткаенина и употребувајќи многу различни нијанси на светкаво сина.

Под многуте слоеви материјал, се наоѓа конструкција. Започнавме со долната облека – корсет и кринолина, направени од челик.

Секоја од осумте верзии на фустанот е малку различна. На пример, едната верзија е 5 сантиметри покуса, а неколку беа и до 10 сантиметри, за сцените кога Лили трча.

Како што течеше снимањето, така рабовите стануваа сè повалкани. Тоа ни создаваше главоболки, бидејќи овие фустани не се такви да можеш да ги ставиш во машина за перење. Исто така и дизајнот не е од најпрактичните. И Хелена Бонам Картер, која ја игра добрата вила на Пепелашка, носи исто така голема креација, па заедно со Лили мораа да се навикнат дека облекувањето на фустанот трае прилично долго. На крајот, го сведовме на 20 минути.

Половината на Лили Колинс е илузија

* Костимографката Сенди Пауел вели дека шокантно тесната половина на Лили е нереална. Всушност, се работи за оптичка илузија. Поради големината на здолништето, струкот изгледа премногу мал.

* Горниот слој на креацијата е од крепелин свила, многу лесна, фина свила. Слоевите одоздола се изработени од синтетички материјал, со назив yumissima, исто така, неверојатно лесен материјал, што ако го фрлите во воздух ќе почне да лебди. Исто така, е и многу скап. Околу 150 фунти е метар.

* Пред да го облече костимот, Лили секогаш одела во тоалет. Но, ако се случело да има таква потреба за време на снимањето, откако ќе го облече, се носел преносен нужник, кој ѝ го ставале под фустанот.

* Дизајнерката и нејзиниот тим се заколнале дека ќе молчат во врска со цената на костимите, иако според некои произволни пресметки се доаѓа до 11.000 фунти за фустан (15.000 евра). Сличен дизајн може да се набави од High Street  дуќаните за 100 пати помала вредност.

Фустанот во бројки

5 км конец искористен за порабување

250 метри материјал за секој фустан поединечно

4.000 часа за изработка на осум различни верзии на креацијата

10.000 Сваровски кристали рачно аплицирани на фустаните20 минути за облекување на еден фустан

Објавено:
6 април 2015
Категорија: 
Актуел