Кампања за збогум на Раф Симонс со Диор
•
21 јануари 2016
Пролетната кампања на Диор за 2016 година е официјалното и последно збогум на Раф Симонс со луксузниот бренд.
Неодамна е објавена кампањата за колекцијата пролет-лето 2016 која воедно беше последната линија што ја дизајнираше Симонс за Диор, презентирана на Париската модна недела пред три месеци.
Кампањата изобилува со женственост и гламур, пренесени преку трендовски парчиња претежно во црно-бели варијанти, а ја фотографираше познатиот моден фотограф Патрик Демаршеље.