Бритни Спирс е дел од најновата пролетна кампања на брендот „Кензо“, насловена како „La Collection Memento N°2“, зад која се презентира приказната за „славење на иконите“ на модата, на денешницата...
Овој пат тоа е 36-годишната пејачка која тие ја нарекуваат кралица на џинсот. Со оглед на тоа дека токму моделите од џинс доминираат во колекцијата, Спирс изгледала како совршен избор.
Покрај нив, презентирани се и парчиња со принт, како и варијанти на краток топ со препознатливото лого на „Кензо“, а качкетите како моден додаток се задолжителни.
На фотографиите се гледа дека пејачката, која еден период беше на мета на медиумите поради лошиот изглед, е во топ форма, но неубавите коментари и овој пат не ја заобиколија.
По објавувањето на кампањата, на социјалните мрежи се појавија лавина коментари на сметка на тоа како изгледа лицето на Бритни. Некои објаснувањето го најдоа во естетските корекции, а други во често критикуваната употреба на Фотошоп.
„Ја сакам Бритни, но не ја препознавам. Премногу фотошоп“, „Ок, има ново лице, тоа го сфативме“, „Нејзините усни не се допираат, а ногот го нема!“, „Хејтерите ќе речат дека е фотошоп“, „Ова е Џесика Симпсон, не ме убедувајте во спротивното“, „Бритни е убаа жена. Нејзиното лице е сè уште убаво и овде многу потсетува на нејзината сестра, Џејми Лин. Не претерувајте и не правете негативности од сè. Бидете малку толерантни кон Бритни. Она што мене не ми се допаѓа е што фотографиите се премногу обработени, како што читам и во другите коментари. Но, оваа техника на обработка на фотографии во последно време е многу популарна“, се дел од коментарите.
По повод ваквите коментари не се огласија ниту пејачката, ниту од брендот. Во интервју за „Вог“ таа го изрази своето задоволство од соработката со брендот, во чии креации се пронаоѓа.
„Ова е мое прво учество во модна кампања и возбудена сум. Во 1980-тите носевме грда мода, но постоеше нешто позитивно во сето тоа, а тоа е фактот дека не се грижевме што другите мислат за нашата облека. Оваа кампања е „трибјут“ на дебитантското појавување на „Kenzo Jeans“ на пазарот во 1986 година, а во контекст на тоа и модата без граници. Колекцијата е младешка. Се забавувавме на сетот, иако во почетокот сето тоа беше малку чудно за мене. Научена сум на снимања во студио и на мал простор, а оваа кампања ја снимавме на улица, а јас бев во облека која што е и промискуитетна, поради што се чувствував чудно. Но, крајниот резултат е навистина кул“, вели ѕвездата.
Таа додава со тоа што е мајка на две деца, нејзиниот пристап кон модата е сменет.
„Интересно е што, кога сте мајка не ризикувате премногу со стилот. Кога бев помлада, менував стилови, ризикував. Немаше план за тоа што ќе носам, па можев да ја облечам и најоткачената работа на светот. Но, како мајка, се враќаш чекор наназад, бидејќи покрај другото, размислуваш да не ги посрамотиш децата и да покажеш непочитување кон нив. Гледам дека помладите генерации носат што ќе сакаат во било кое време, но од оваа перспектива, јас не го можам тоа. Исто така, мислам дека би се сокрила и би сакала да ме проголта земјата ако се облекував исто така пред 15 години. Како мајка, исто така, строга сум во поглед на тоа што ќе носат тие, но како што растат, стануваат свои луѓе и сами ќе си го одберат стилот, а јас ќе го почитувам тоа“, вели Спирс.
Во продолжение погледнете ги останатите фотографии, па споделето го вашето мислење со нас.
Инаку, кампањата е снимана во Лос Анџелес, а зад фотографиите се потпишува Питер Лидберг.