Канје Вест ќе ја замени музичката со модната сцена?

28 ноември 2014

Најновите вести во светот на шоу бизнисот се дека модниот свет ќе добие нов член, за сметка на музичката индустрија. Станува збор за раперот Канје Вест, кој според изјавите во дел од американските медиуми одлучил да паузира од музичката кариера за да се фокусира на модата. Сопругот на познатата старлета Ким Кардашијан веќе има остварено соработки со спортските компании Најк и Адидас. Моделите патики кои Канје ги дизајнираше во соработка со спортските гиганти се едни од најпродаваните во светски рамки.

„Канје по промоцијата на песната која ја сними со Пол Мекартни, планира да се повлече од музичкиот свет и својата енергија да ја насочи кон неговата друга љубов – модата“, се вели во изјавата  за Page Six.

Имено, Вест пред три години на Париската модна недела ја прикажа својата прва колекција, но поради недоволната посветеност кон модата, се откажа и својот бренд го стави во мирување. Освен соработките со Најк  и Адидас, Канје има уште една дизајнерска соработка со модниот бренд A.P.C. , а колекцијата беше распродадена за еден ден.

 

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Актуел