Трите девојки што стојат за модниот блог SkopjeCasual.mk, си ја исполнија долгогодишна желба и создадоа своја капсулна колекција. Секако, кежуал.
Колекцијата се состои од шест парчиња креирани според идеите на блогерките Алексадра Христов, Калина Зографска и Ива Дујак. Во изработката на истата им помогнал тимот на онлајн продавницата Bastet Noir.
Ова е прва колекција на македонскиот пазар комплетно осмислена од блогери, со што девојките сакаат уште еднаш да потенцираат на важноста на блогерите во модната сфера.
„Колекцијата, како и нашиот блог е лежерна, се погриживме парчињата да се соодветни за носење во најразлични комбинации, од утрински/работни обврски до вечерни излегувања“, велат од Skopje Casual.
Со оглед на тоа дека секоја од нив си носи посебен моден сензибилитет, токму тој е пренесен и на колекцијата. Секое од парчињата го има личниот печат на девојките и нивните стилови.
„Креиравме парчиња кои ние сакаме да ги носиме, а за жал досега не можевме да ги пронајдеме во Македонија. Со поддршка на Bastet Noir успеавме да го задржиме нашиот препознатлив стил, а сепак да донесеме нешто ново на нашиот пазар“, потенцираат блогерките.
Колекцијата е веќе достапна за продажба, а повеќе информации можете да кликнете и на страната на блогот.