Каролина Куркова во спортско-шик издание за Grazia China
•
16 јули 2015
Топ моделот неодамна ја објави веста за тоа дека е бремена по втор пат. Последниот ангажман пред оваа вест беше насловната страна на кинеското издание на Grazia.
Во него Каролина позира пред апаратот на Зак Занг, а се појавува во спортско-шик издание и тоа носејќи креации од пролетните колекции на Живанши, Баленсијага, Луј Витон и други.
Боксерските ракавици или теговите се само модни додатоци вклопени во оваа фото-сесија, која ви ја презентираме во продолжение.
Инаку, чешката моделка е и заштитно лице на Џузепе Заноти во есенската кампања.