Кејт Аптон е новото лице на козметиката Боби Браун

24 март 2014

Таа е преубава, полна самодоверба и сама ги создава своите правила, изјавува Боби Браун за Кејт Аптон. Бујната моделка ја освои славната Боби Браун која токму нејзе ја избра за заштитно лице на својата нова линија козметика.

-Кејт секогаш ме инспирира и воодушевена сум од работата со неа. Природниот и негуван изглед безрезервно можам да и го препишам, таа плени со широката насмевка, нежната кожа. На нашата козметика не случајно ќе биде инволвирано и нејзиното име, а се надевам дека и на сите љубителки на нашата козметика тоа ќе им се допадне.

-Радосна  сум што станав  новото лице на козметиката Боби Браун,  која претставува вистинска успешна американска приказна. Компанијата изгради имиџ на глобален бренд и идеја дека жените можат да бидат убави онакви какви што се, вели Аптон.

#t=126

 

 

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Актуел