Кејт Мидлтон дефиниција за елеганција на Royal Ascot

21 јуни 2017

Деновиве е актуелен еден од најпрестижните аристократски спортски настани во Велика Британија, традиционалните коњски трки кои се атрактивни меѓу другото и по тоа што присуствуваат и членовите на кралското семејство.

Royal Ascot од моден аспект е атрактивен по строго пропишаниот дрес код и ревијата на шапки, што се смета за централен моден момент. Правилата налагаат: здолниште до колената или со макси должина, горен дел што ќе ги покрие рамената и секако ниту еден аутфит не е комплетиран без правилен избор на шапка.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон се појави во совршено издание – дефиниција за елеганција. Таа одбра тантелен фустан во бела варијанта од Александар Меквин. Како што наложува и дрес кодот на настанот, должината на фустанот е до колена а горниот дел е покриен со висока јака. Се разбира, највпечатлив моден детаљ е шапката исто така во бела варијанта, украсена со флорални мотиви.

Фото извор: Vogue.co.uk / Getty Images

 

Објавено:
21 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.142 пати