Кејт Мидлтон елегантна во зелено на церемонијата „Trooping the Colour“ – бојата не е случаен избор

19 јуни 2023

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон присуствуваше на традиционалната голема церемонија „Trooping the Colour", со што годинава беше одбележан првиот роденден на кралот Чарлс откако застана на британскиот трон.

Кејт Мидлотн и овојпат беше модно впечатлива, во елегантен зелен капут-фустан потпишан од Andrew Gn соодветно комплетиран со дамска шапка.

Изборот на впечатлива зелена боја за овој стајлинг, воопшто не е случаен и реферира на улогата на Кејт Мидлтон како полковник на ирската гарда.

Овој модел на капут-фустани, во женствен и сведен крој, стана препознатлив за нејзиниот имиџ во јавноста.

 

Објавено:
19 јуни 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
929 пати
Тагови: 
Кеј Мидлтон