Кејт Мидлтон им одржа лекција на сите идни кралици

8 мај 2023

Крунисувањето на кралот Чарлс покрена големо медиумско внимание. Сепак не е мала работа да се наследи тронот на Британската монархија.

Но, онаа што можеби го засени и самиот крал на свечениот настан беше принцезата од Велс Кејт Мидлтон.

Кејт, 41, со својата величенствена појава им одржа лекција на сите идни кралици.

Стил, префинетост и грациозност спакувани во маестрална креација на Александар Меквин, истата модна куќа што ја креираше и нејзината венчаница во 2011 година.

Свилен фустан со боја на слонова коска со деликатен вез што вклучува цветни мотиви.

Секако кралската сина боја дојде во преден план во форма на специјална наметка проткајана со црвени детали и украсена со кралски орнаменти, изработени од пречистени благородни метали.

Кејт им се придружи на членовите на кралското семејство во саботата кога се одржа и церемонијата во Вестминистерката опатија.

Принцезата носеше и прекрасен украс на главата којшто изгледаше како тијара од скапоцени листови и цветови, а сличен украс имаше и преслатката Шарлот.

Кејт на себе ги носеше и прекрасните обетки од дијаманти и бисери, што ѝ припаѓаа на принцезата Дијана.

Крунисувањето на Чарлс е особено важно за Кејт, принцот Вилијам и нивните деца, со оглед на тоа дека Вилијам е наследник на тронот, а најстариот син Џорџ е втор во низата.

Фото: Vogue, Instagram

Објавено:
8 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.966 пати