Кејт Мос ќе се слика за насловната на Playboy

18 септември 2013

Двата  јубилејни родендени, 40-от на се уште актуелниот модел Кејт Мос и 60-от на познатиот магазин Playboy , ќе ги прослават заедно со фотографија на Мос на насловната страна на роденденското издание на месечникот.

Откако се слушаа гласини за оваа соработка пред неколку месеци, сега официјално магазинот ја потврди веста.

“Ова е глобален бренд и за прославата на еден ваков настан потребна е соодветна глобална модна икона, а Кејт Мос  е токму таа” вели уредникот на едиторијалите во магазинот, Џими Џелнек по повод заедничкиот проект.

Објавено:
18 септември 2013
Категорија: 
Актуел