Првиот ред на ревијата на Yves Saint Laurent во Париз беше исполнет со поранешни супермодели. Ѕвездите како Амбер Валета, Карла Бруни, Шалом Харлоу и Кејт Мос со нетрпение ја очекуваа новата колекција на дизајнерот Ентони Вакарело.
Фото: elle.hr
Очекувано, сите се појавија во класични и совршено елегантни вечерни тоалети, но се чини дека сепак Кејт Мос беше таа која што успеа да го привлече сето внимание на себе со малиот црн фустан во спој со екстравагантно палто од вештачко крзно - изглед кој беше пример за софистициран гламур.
Црниот струкиран мини фустан со долги ракави и затворено деколте беше надополнет со високите потпетици, постигнувајќи го глам-вамп изгледот кој Кејт Мос го сака уште од 90-тите.
Погледнете како изгледаше Кејт Мос од ревијата на YSL во Париз.
Фото: elle.hr
Фото: elle.hr
Фото: elle.hr
Фото: elle.hr