Кензо ја прослави моќта на жената на свечена вечера

4 ноември 2013

Модната куќа Кензо приреди свечена вечера во еден скејт парк во Лос Анџелес каде на еден навистина посебен начин ја прослави моќта на жената.

На вечерата, вистински ѕвезди беа девојките – скејтери, кои најпрво ги покажаа своите вештини во скејт паркот, а потоа присуствуваа и на вечерата со дизајнерите на модната куќа.

Свечената вечера беше водена од прекрасната актерка Рашида Џонс, а на истата присуствуваа многу звучни имиња како режисерката Џиа Копола, внука на легендарниот Френсис Форд Копола, ќерката на Лиза Мари Присли, Рајли Кох, Џесика Алба, Ферги, Роуз Мекгован и многу други.

На забавата гостите ги забавуваа познати диџеи, а соодветен говор одржаа и неверојатните дизајнери на Кензо Керол Лим и Умберто Леон.

Со ваквиот настан на кој моќта на жената беше прославена на единствен и шармантен начин, модната куќа Кензо уште еднаш покажа зашто се омилени на многу девојки ширум светот.

Ние ги обожаваме, а вие?

Објавено:
4 ноември 2013
Категорија: 
Актуел