Кира Најтли му се врати на „Шанел“
•
23 јуни 2016
Модната куќа „Шанел“ повторно ја врати Кира Најтли меѓу своите миленички. Откако беше заштитно лице на парфемот „Coco Mademoiselle“ и кармините „Rogue Coco“, британската актерка е дел од нова модна приказна на франзускиот бренд. Да не заборавиме, таа ја толкуваше и Коко Шанел, во краткометражниот филм за „Шанел“.
Најтли овој пат е лице на новата колекција на накит, што треба да се лансира оваа есен.
Марио Тестино се потпишува зад кампањата. Од брендот пласираа само една фотографија како најава. За останатите ќе треба да го почекаме доаѓањето на есента.