Уште еден Сан Ремо ќе остане запаметен во историјата, овој пат поради неколку многу моќни пораки пренесени преку модата. Водителка на 73-от најголем италијански музички фестивал, беше светски познатата блогерка италијанката Кјара Ферањи.
Инфлуенсерката, која зад себе има соработки со некои од најголемите модни куќи и дизајнери, ја искористи оваа прилика да пренесе неколку моќни социјални пораки.
Ферањи во улога на водителка се појави во четири различни стајлинзи, сите со потпис на Dior.
За креацијата на фустаните заслужна е Марија Грација Кјури, уметничкиот директор на модниот гигант, која често соработува со уметници феминистки.
Фустан број 1- Ода на слободата
View this post on Instagram
Пораката на првиот фустан што Кјара го носеше е посветена на сите жени кои сакаат да бидат свои на своето без осуда од околината и наметнување на улогите што општеството ги пласира.
Фустан број 2 – Гола Ева
View this post on Instagram
Инспирацијата зад голиот фустан е Ева, а целта беше да ја прикаже Ферањи гола, односно ослободена од сиот срам. Тоалетата всушност беше принт којшто збуни многумина и пренесе порака дека жената кога е гола нема што да скрие, таа е таква создадена. Нејзиното тело има многу поголемо значење од побудување на страст кај мажите.
Фустан број 3 – Одговор на омразата
View this post on Instagram
Белиот фустан со испишани разни погрдни зборови и реченици исто така имаше интересна приказна. Тоа беа лошите коментари упатени кон блогерката на Instagram. Со ова таа сакаше да порача дека говорот на омраза треба да се игнорира и да не се дозволи да влијае на личноста. Она што е навистина важно се само зборовите и коментарите на оние кои не сакаат.
Фустан број 4 - Кафез
View this post on Instagram
Светкавиот фустан кој што имаше детаљ сличен на кафез порачуваше дека конвенционалните стеги можат да се скршат. Патријархалното воспитување не треба да биде ставено во преден план и секоја млада девојка може сама да си каже што навистина сака. Кјара позираше заедно со својата ќерка во овој стајлинг, сакајќи и на неа уште од мали нозе да ѝ ја пренесе таа порака.
Фото: Instagram