Ќе се снима серија за подемот на Карл Лагерфелд

2 септември 2021

Љубителите на модата, а уште повеќе оние на Карл Лагерфелд ќе се израдуваат на веста дека наскоро ќе се снима серија за неговиот живот.

Овие возбудливи вести ги соопштија од „Дизни +“ каналот. Досега сме имале можност да гледаме неколку документарни филмови за Лагерфелд, во различни контексти, но ова ќе биде првата драмска серија која во фокус ќе го стави неговиот живот.

Како пренесуваат странските медиуми, серијата е инспирирана од биографијата „Kaiser Karl“.

Она што е досега познато е дека дејствието ќе се одвива 1972 година и ќе го следи неговиот подем во модниот свет, како и модното ривалство со Ив Сен Лоран, но ќе бидат инкорпорирани делови и од неговиот љубовен живот, односно љубовните приказни кои оставиле трага врз него. Ќе се остврнат и на неговите музи, па најавуваат мошне интригантни кадри и нарација.

За продукцијата ќе биде задолжен тимот од серијата „Lupin“, а други детали за сега не се познати.

Како и да е, ќе ја очекуваме серијата со нетрпение.

 

Објавено:
2 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
130 пати