Уште кога за прв пат ја најавија соработката јавноста беше нетрпелива да види што ќе произлезе од креативната симбиоза на Rabanne и H&M
Капсулната колекција, којашто беше првично презентирана за време на Париската модна недела во ноќниот клуб Силенсио, собра голем број на ѕвезди и љубопитни модни ентузијасти.
Колекцијата остана доследна на очекувањата, легендарниот материјали родоид, по којшто Rabanne е препознатлив, и овојпат доминираше во креациите.
Станува збор за ткаенина која што наликува на заштитните железни мрежести блузи што витезите ги носеле во борби за да го заштитат телото од убоди.
Џулиен Досена, уметничкиот директор на модната куќа, ја замисли колекцијата како спој помеѓу модата и животниот стил.
Сакав создадам една Пако Рабан атмосфера, која е игрива и хедонистичка.
Од парчињата особено се издвојуваше миди фустан со огромни светки коишто создаваа еден диско ефект дополнителна асоцијација на основачот кој љубеше да ја меша архитектурата со модата.
Она што е интересно и за почит е што Досена и H&M успеаја да создадат нов тип на еколошки родоид.
Еве дел од импресивната соработка.
Фото: Vogue