Кога сето ова ќе помине луѓето ќе купуваат како луди

18 јануари 2021

„Koга сето ова ќе помине, луѓето едвај ќе чекаат да се вратат во „нормала“, ќе сакаат повторно да живеат. Во Кина веќе трошат како луди, а исто така и во Америка. Во Милано атмосферата е како во сред прохибиција, имаат луди забави“, изјави Миуча Прада неодамна за „Њујорк Тајмс“.

Освен неа, мислењето за тоа што ја чека модната индустрија после пандемијата, го сподели и Раф Симонс, кој е уметнички директор на „Прада“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada (@prada)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada (@prada)

-Историјата се повторува, како што тоа обично се случува. Ова ми изгледа како да влегуваме во деведесетите години на минатото столетие, кога апсолутно сите излегуваа, танцуваа, се забавуваа. Сметам дека тоа наскоро ќе се случи, контрастна ситуација на ова што го имаме денес, вели Симонс.

Факт е дека пандемијата се одрази и врз модната индустрија од сите аспекти - продажба, презентација, производство. 

Од друга страна, онлајн продажбата цвета. Дури и најтврдокорните приврзаници на „шопингот во живо“ сега посегнаа по технологијата и онлајн купувањето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada (@prada)

Имајќи ја предвид воздржаноста на колегите од модата индустрија по повод што ќе се случува потоа и нивната загриженост за иднината, оваа изјава на двајцата челни луѓе во „Прада“ звучи доста општимистично, или повеќе смело.

Во сличен контекст беше и нивната последна кампања, но не сме сигурни колку ја постигнаа целта, бидејќи концептот стана предмет на шеги.

Имено, тие во склад со нивните парчиња поставуваа и низа прашања како - дали треба да го забавиме темпото? Дали креативноста е талент или вештина? Дали облаците не' потсетуваат на податоци или небо, дали онлајн зборувате послободно...

Дали некој ќе ѝ одговори на „Прада“?

Еве погледнете:

 

 

 

 

 

Објавено:
18 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
935 пати
Тагови: 
Прада шопинг