Кои дизајнери доминираа на црвениот килим во 2017?

7 февруари 2018

Кон почетокот на следниот месец ќе се случат годинашните „Оскари“. Модните стилисти и актери веќе се подготвуваат за ова престижно и гламурозно случување. Претходно посведочивме на новите изданија на „Златни глобуси“, „САГ“ наградите, „БАФТА“....

И токму во екот на оваа сезона, пред да бидат познати резултатите од оваа година, се потсетуваме на тоа кои дизајнери беа најуспешни и најзастапени на црвениот килим лани.

 

#3 Гучи

На трето место е „Гучи“ со вкупно осум креации.

На САГ: Никол Кидман, Селма Хаек

„Златни глобуси“: Фелисити Џонс, Зое Салдана, Џил Соловеј

БАФТА: Ања Тејлор, Наоми Харис

Оскари: Дакота Џонсон

 

#2 Луј Витон

Овој бренд како да оживеа повторно, кога е црвениот килим во прашање и тоа благодарение на заштитните лица меѓу кои Алисија Викандер и Мишел Вилијамс.

САГ: Софи Тарнер, Мишел Вилијамс

„Златен глобус“: Мишел Вилијамс, Рут Нега, Софи Тарнер

БАФТА: Мишел Вилијамс, Софи Тарнер

„Оскари“: Мишел Вилијамс, Алисија Викандер

 

#1 Армани

Не е тајна дека Џорџо Армани се нарекува и крал на црвениот килим, а тоа го покажуваат и статистиките. Минатата година во филмската сезона на награди, во негови креации биле облечени 11 познати личности.

САГ: Мили Боби Браун

„Златни глобуси“: Жанел Моне, Софија Сталоне, Исабел Ипер, Наоми Харис, Тереса Палмер

БАФТА: Никол Кидман

„Оскари“: Никол Кидман, Ема Робертс, Исабел Ипер, Вајола Дејвис

 

Ако се прашавте каде се Валентино или Зухаир Мурад, Зак Посен, бидејќи и нивните креации беа проследени со големо внимание, одговорот е дека не се толку бројни, но секогаш присутни, па затоа и сè уште одлично котираат.

Токму затоа, во продолжение ќе ја погледнете листата на 20-те (поточно преостанатите 17) најангажирани дизајнери, односно брендови за сезоната на награди во 2017 година. Успехот што сите го постигнале е одличен и од медиумски и од финансиски аспект, но исто така не може да се одрече дека е уште поголем предизвик за сезоната во тек.

Ќе биде интересно да се споредат резултатите и да се види кој ќе остане на врвот.

Најангажирани дизајнери/брендови за 2017 (не само во периодот на филмската сезона, туку на сите настани во текот на 2017 година)

„Александар Меквин“

„Алтузара“

„Калвин Клајн“

„Шанел“

„Диор“

Ели Сааб

Џамбатиста Вали

Џенифер Мејер

Мајкл Корс

„Оскар де ла Рента“

„Прада“

„Ралф и Русо“

„Родарте“

„Скјапарели“

„Валентино“

Зак Посен

Зухаир Мурад

Објавено:
7 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
343 пати