Кои светски дизајнери ќе ја имаат честа да вечераат со првата дама во Белата Куќа?

20 септември 2014

Стилот на правата дама на САД Мишел Обама е нешто за што сите зборуваат откако таа стана дел од јавниот живот покрај нејзиниот сопруг, претседателот на САД Барак Обама.

Оттогаш, таа буквално нема направено ниту една грешка при одбирањето на совршените парчиња соодветни за пригодата каде и да се појави.

На 8-ми Октомври, првата дама на САД за прв пат во историјата на земјата, ќе организира свечена вечера со некои од најдобрите модни дизајнери во светот, кои ќе имаат можност да уживаат во прошетката по Белата куќа, но и да присуствуваат на специјалните работилници што Мишел ги организира за млади студенти.

Tracy-Reese

На првиот дел од свечената вечера ќе се случи и долгоочекуваната работилница, каде некои од светските дизајнери ќе имаат можност да поразговараат со млади студенти – нова генерација на модни лидери, на кои ќе им ги раскажат и нивните искуства во модната индустрија.

Мишел Обама и Џејсон Ву Мишел Обама и Џејсон Ву

Вечерата ќе се случи ден пред одржувањето на Националните награди за дизајн во Њујорк, а на истата засега е потврдено присуството на Мариа Корнехо, Прабал Гурунг, Реед Кракоф, Наем Кан, Бибу Мохапарта како и дел од тимот на Џими Чу.

Prabal-Gurung

Во продолжение, додека сме во исчекување чија креација ќе облече првата дама на овој гламурозен и несекојдневен настан, да се потсетиме на некои од нејзините најдобри комбинации!

Објавено:
20 септември 2014
Категорија: 
Актуел