Кој бренд ја има најскапата модна реклама некогаш направена?

18 мај 2021

Брендовите во модната и козметичка индустрија не штедат пари кога се рекламите во прашање. Се работи за милионски суми, а сè со цел што повеќе да ги привлечат купувачите, но уште повеќе да се истакнат пред конкуренцијата.

Сепак, истражувањата покажале дека со години една реклама доминира на врвот како најскапата модна реклама некогаш направена.

Брендот кој стои зад неа е „Шанел“.

Всушност се работи за реклама за култниот парфем „Chanel No.5“.

Снимена е во 2004 година, а буџетот кој бил издвоен е дури 33 милиони долари, сума што никој се' уште не успеал да ја надмине.

Главното лице во рекламата е Никол Кидман, која во тоа време е популарна со остваарувањето „Мулен Руж“, а за ангажманот ѝ биле платени три милиони долари.

Рекламата трае 180 секунди и е кратка верзија на бајка и е именувана баш како „Филм“, во кој Никол Кидман е позната актерка која сака да им избега на папараците и влегува во такси каде што се вози со човек кој не го познава.

Тој човек е Родриго Санторо и е писател, а како завршува нивната приказна, ќе видите во рекламата подолу.

Режијата е на Баз Лурман, кој со Кидман соработувал токму на филмот Мулен Руж.

 

 

Објавено:
18 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.829 пати