Која е Лорен, првата жена што два пати победила на Евровизија?

15 мај 2023

Уште една Евровизија помина и донесе нов победник. Лорен од Шведска ги освои симпатиите на сите и ја понесе статуетката што многумина ја посакуваа.

Но, тоа не беше единственото што таа понесе со себе од евровизиската сцена. Темнокосата Лорен стана првата жена која два пати победила на Евровизија.

Сè уште ја паметиме нејзината маестрална изведба во 2012, кога прв пат победи на овој натпревар, во Баку Азербејџан, со песната Euphoria.

Лорин Зинеб Нора Талхауи е родена во 1983 година во Стокхолм, а по потекло е од Мароко. Покрај тоа што е мега популарна и успешна во Шведска, таа е гласноговорник и голем активист за човекови права.

Токму поради нејзините заложби, Лорен беше назначена и за амбасадор на шведскиот комитет за Азербејџан.

За својата хуманитарна работа, пејачката два пати ја има добиено и наградата Crystal Globe што се доделува во рамки на програмата World's Children's Prize.

Евровизиската победа со овогодинашната песна Tattoo којашто освои 583 бода, уште повеќе ја прослави Лорен, на која и требало мало убедување за да се пријави за натпреварот годинава.

Имено, таа пред неколку месеци не ни помислувала да учествува пак на Евровизија, но нејзиниот тим по четири неделно убедување, успеал да ја наговори да биде претставник на Шведска.

Лорен со оваа победа му се приклучува на добро познатиот ирски евровизиски преставник Џони Логан, како една од двајцата што успеале два пати да победат на Евровизија.

Следната година натпреварот ќе се одржи во Стокхолм, речиси 50 години откако Abba победи во 1974 со Waterloo.

Како изгледа Лорен надвор од евровизиската сцена, во продолжение.

Фото: Facebook

Објавено:
15 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.335 пати