Колекции Swim 2014 од модната недела во Мајами
•
20 јули 2013
Во тек е модната недела во Мајами во чии рамки се презентираат колекциите на костими за капење и облека за плажа, a која беше отворена со забава на брендот Roxy. Голем дел од настаните се одржуваат во познатиот хотел „Рајли“, планирани се неколку презентации во ателјеата на дизајнерите, но сепак најважни се ревиите на брендовите за костими за капење како што се Poco Pano, Suboo, Dolores Cortes, Beach Bunny и Barraca Chic.