Колку чини облеката на Кејт Мидлотн од турнејата?

24 јули 2017

Кејт и Вилијам ја завршија турнејата во Германија и Полска, а за изгледот на Војвотката од Кембриџ се пишуваше постојано.

Модните стручњаци коментираат дека таа поставува нови стандарди кога е модата во кралското семејство во прашање, а исто така сè повеќе го подмладува својот стил, што е за пофалба.

Она што исто така ја интересира јавноста е и колку чини секоја од тие комбинации на Кејт?

фото извор: mirror.co.ul

Инаку, оние што внимателно ги следеа нејзините појавувања месецов, сигурно забележаа дека новите омилени обувки на Мидлтон се сандали од брендот „Прада“ кои ги има во повеќе бои и ги носеше во повеќе наврати.

Токму таа доза на скромност и пристојност е една од работите што ја прават омилена кај народот.

Како пренесува „Дејли Мејл“, Војвотката од Кембриџ за посетата на овие две земји потрошила нешто повеќе од 26.300 фунти (околу 30.000 евра), односно на дневно ниво околу 5.000 фунти (5.500 евра). Тие додаваат дека тоа не е многу повеќе од просечната плата во Британија, како и дека претходните турнеи во Индија, односно Канада ја чинеле многу повеќе (40.000 евра, односно 70.000 евра)

А еве колку чини и секоја комбинација поединечно:

 

17.јули Полска

фото извор: dailymail.co.uk

Костим: Александар Меквин - 1.995 фунти

Чевли: Џанвито Роси – 470 фунти

Чанта: Џени Пекам – 565 фунти

Накит: Collins&Sons – 3.400 фунти

Вкупно: 6.430 фунти

 

Фустан: Гоша Бачинска – 1.460 фунти

Обувки: Џанвито Роси – 530 фунти

Чанта: Прада клач – 940 фунти

Накит: Баленсијага – 570 фунти

Вкупно: 3.500 фунти

 

18 јули

фото извор: dailymail.co.uk

Здолниште: Ердем – 760 фунти

Топ: Ердем – 300 фунти

Обувки: Стјуарт Вајцман – 330 фунти

Чанта: 57 фунти

Вкупно: 1.447 фунти

 

19 јули, Германија

фото извор: dailymail.co.uk

Мантил и фустан: Кетрин Вокер – 2.000 фунти

Обувки: Џанвито Роси – 470 фунти

Чанта: Џими Чу  - 806 фунти

Накит: Кики Мекдона – 1.400 фунти

Вкупно: 4.206

 

фото извор: dailymail.co.uk

Фустан: Александар Меквин – 2.075

Обувки: Прада – 550

Накит: Симон Роша – 195

Вкупно: 2820 фунти

 

20 јули

фото извор: dailymail.co.uk

Фустан: Џени Пекам – 900 фунти

Обувки: Еспадрили Монсун – 45 фунти

Чанта: Russell&Bromley – 165 фунти

Накит: Оскар де ла Рента – 135 фунти

Вкупно: 1.245 фунти

 

фото извор: dailymail.co.uk

Блуза: Hugo Boss – 69 фунти

Џинс:  околу 25 фунти

Очила за сонце: Ray Ban – 170 фунти

Патики: Suprega – 50 фунти

Вкупно: 314 фунти

 

фото извор: dailymail.co.uk

Фустан: Маркус Луфер – 660 фунти

Обувки: Прада сандали – 550 фунти (ги има од претходно)

Накит: 130 фунти

Чанта: околу 50 фунти

Вкупно: 840 фунти (без сандалите)

 

21 јули

фото извор: dailymail.co.uk

Фустан: Емилија Викстед – 750 фунти

Обувки: Џанвито Роси – 470 фунти (истите од претходно)

Чанта: Ања Хајндмарч – околу 300 фунти

Накит: Кики Мекдона – 4.500 фунти

Вкупно: 5.550 фунти (без обувките)

Објавено:
24 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.434 пати
Извор: 
DailyMail