Колку чини здолништето од тул што го носеше Кери Бредшо?

7 февруари 2017

Серијата „Сексот и градот“ беше неверојатен телевизиски хит, а сè уште е меѓу најгледаните серии некогаш направени.

Но, она на што ние сега сакаме да обрнеме внимание е најавната шпица. Сигурни сме дека го паметите кусото пастелно розово здолниште од тул кое го носи Кери Бредшо.

Ако не се сеќавате, тогаш ве потсетуваме со видеото во продолжение:

Иако многумина мислеа дека се работи за скапо дизајнерско парче, како и повеќето во серијата, приказната е поинаква.

Костимографката Патриша Филд во едно интервју за WWD изјави дека здолништето го купила на снижување. Парчето било во корпа, меѓу купишта облека, а неговата цена изнесувала само пет долари.

„Никогаш не се ставам во ситуација да кажувам некому што ќе облече. Секогаш давам простор за избор. После некое време, јасно станува во што некој се чувствува пријатно. Таков беше и случајот со здолништето од тул. Сара Џесика Паркер беше пресреќна да го носи, но на продуцентите им требаше повеќе време да се согласат да имаме такво парче во серијата“, открива Филд.

Сепак, на крајот се согласиле идејата на Патриша да се реализира и ова парче стана едно од култните во серијата, кое потоа доби и разни варијанти. Со ова костимографката порача дека не е сè во цената и името, туку многу повеќе во идејата.

Објавено:
7 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.795 пати