Креациите од писта директно во плакарот на познатите

25 септември 2014

Најсвежите креации кои неодамна ги видовме на пистите во рамките на модните недели низ модните центри, експресно се најдоа во плакарите на познатите. Па така, паралелно со модните шоуа кои се' уште се во тек, дамите од светскиот шоу бизнис веќе ги искомбинираа парчињата од најновите колекции.

Потврда за тоа е појавувањето на главната уредничка на американски Vogue, Ана Винтур на забавата по повод 50 годишнината од постоењето на италијанската едиција на списанието Vogue во креација на Долче и Габана од нивната најнова колекција за пролет-лето 2015 година која беше промовирана на писта само неколку часа пред почетокот на забавата.

Ана Дело Русо како и минатата така и оваа година повторно имаше можност прва да ги добие уникатните парчиња од најновата колекција за пролет-лето 2015 на Москино. Се чини слаткиот Барби стил ќе биде еден од омилените модни визии на Русо за наредната сезона.

На овој стил не можеше да му одолее ниту модната блогерка Кјара Ферањи која исто така реши веднаш да го добие својот нов Барби-сет. Поради својата популарност и убавина, блогерката ќе ја краси и октомвриската насловна страна на италијанското списанија „Grazia“, облечена во розовите креации на Џереми Скот.

 

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Актуел