Пред нешто повеќе од шест месеци, странските медиуми пренесоа информација дека славниот Кристофер Бејли ќе ги создава идните колекции на Барбери. Но, тоа не е се. Бејли всушност го презема целото раководство на компанијата, што подразбира и дефинирање на економската политика на брендот и многу други прашања кои бараат познавање на бизнис секторот.
На оваа функција претходно беше Анџела Арендс, но одлучи да го нашушти Барбери и да се приклучи на Епл корпорацијата. Тоа му го отвори патот на 42-годишниот Бејли, за кого од 1-мај стартуваа нови предизвици.
Така, како генерален директор, тој ја има одговорнота да придонесе за почетокот на развицање на нова фаза, подобрување на имиџот на брендот на глобално ниво и бизнис стратегијата.
Инаку, во 2001 година, Бејли беше директор на дизајн на Барбери, а еве после 13 години, застана на чело на брендот. Останува да се види како овој талентиран дизајнер ќе се снајде со новите обврски и позиција.