Купи си парфем на Марк Џејкобс со твитови

30 јануари 2014

marc-jacobs

Новата продавница на Марк Џејкобс ќе биде отворена во текот на модната недела во Њујорк. Но, она што е уште поважно е дека наместо пари, ќе „прима“ постови и лајкови на Твитер и Инстаграм, со кои всушност ќе може да се платaт парфемите на дизајнерот.

Со помош на хаштагот #MJDaisyChain освен парфеми, ќе можат да се „платат“ и некои од ситните модни детали, како приврзоци, беџови, шноли за коса... Модната недела во Њујорк ќе биде одржана од 6-13 февруари, а „Марк Џејкобс поп-ап Твит шоп“ ќе работи од 7-9 февруари.

Еден од соработниците на дизајнерот објасни дека заинтересираните купувачи ќе можат да си одберат еден прозивод од продавницата во замена за твит или пост на Инстаграм или Фејсбук. Оние чии постови ќе бидат најкреативни ќе имаат можност секој ден да освојат и „голема карта“ со помош на која ќе можат да добијат повеќе производи од продавницата.

Инаку, еден од најпопуларните парфеми на Марк Џејкобс е „Дејзи“. Тоа е всушност и првиот кој го лансираше уште во 2007 година.„Дејзи“ мириса на гардении, љубичица, јасмин, ванила и јагода

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Актуел