Лагерфелд со ретро приказна за насловните на магазинот Нумеро

23 август 2014

Дури пет насловни страни за септемвриското издание на познатиот магазин Нумеро, ќе го донесат духот на 60-те години според визијата на секогаш актуелниот креативен директор на Шанел, Карл Лагерфелд.

Во последно време, се' почесто списанијата лансираат дури по неколку насловни страни за едно нивно издание, па така не изненадува фактот што септемврискиот Нумеро ќе ја раскаже својата ретро приказна преку пет насловни.

На фотографиите изработени во црно-бела техника, се појавуваат трите манекенки: Саша Лус, Лекси Болинг и Марти Верхоф, кои под креативно водство на Лагерфелд, прават ретроспективно патување во најинспиративната модна декада.

 

 

Објавено:
23 август 2014
Категорија: 
Актуел