Традиционално и оваа година Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се оддржи на 3-ти и 4-ти јули, со што сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневен шопинг до полноќ.
„Секоја година со се’ побогата програма, големи попусти и забава за сите посетители. Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во летниот период во кој сите продавници работат до полноќ, настан каде што шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана.
Покрај шопингот на своите омилени брендови, по намалени цени, посетителите ќе може да се опуштат во дводневната програма која нуди забава за сите вкусови и генерации. Многу музика, Style Hunting, мода, танцување со професионалци, коктели, како и најголемото модно Beachwear Show – ревија на досега невидена сценографија каде ќе може да се видат сите најнови модели на костими за капење кои се неизбежни за овој период од годината. Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња“, велат организаторите.
Во рамките на ова шопинг искуство, македонскиот моден бренд Елена Лука ќе понуди голем избор на уникатни дизајнерски парчиња со големи попусти до 80%. Оваа акција Елена Лука ја започна пред еден месец под мотото „Еден месец попусти“, а ја продолжува и за време на Late night shopping.