Откако минатогодишната пролетна кампања на Кејт Спејд во која ја ангажираше легендарната 94-годишна Ирис Апфел, се покажа како одлична, и оваа година тие ја продолжуваат нивната заедничка соработка.
Омилената бабичка во модниот свет има уште една централна улога во новата пролет-лето кампања за 2016 година во која акцентот е ставен на модели со различни профили.
Покрај Апфел, главен модел во оваа кампања на местото на Карли Клос, е манекенката Џордан Дан, а друштво им прават и фотографката Сајри Москович, илустраторот Роберт Ричардс, моделот Ен Дуонг, авторката Карли Сајортино и композиторот Џон Батист.
Позитивниот дух на кампањата е обоен во широк спектар на бои и принтови, а кроевите на моделите се базирани на едноставни и чисти линии и А форми.