Прекрасните легендарни модели од 90 – тите повторно, по многу години блеснаа на насловната на јапонскиот Вог во име на одбележувањето на 15 – годишнината од постоењето на магазинот.
Модната уредничка на магазинот Ана Дело Русо успеа по толку години, на едно место, да ги спои некогашните најубави и најбарани модели за престижното, септемвриско издание.
Како воопшто и да немале пауза во кариерата, тие позираа неверојатно професионално пред објективот на фотографското дуо Луиџи и Јанго, со стајлинг на непогрешливата Џована Батаља.
Славеничката насловна на јапонски Вог ја сочинуваат – Клаудија Шифер, Надја Аерман, Стефани Сејмор, Линда Евангелиста и Наоми Кемпбел.
Како самата насловна да не е доволна, внатре во магазинот ве очекува уште една сосема несекојдневна фотосесија во која покрај супермоделите од 90 – тите, се појавуваат и прекрасните Ева Херцигова, Каролин Марфи, Наташа Поли, Маријакарла Босконо и уште неколку други актуелни модели од денешницата.
Со оглед на иконската насловна и уште подобрата фотосесија внатре, очекуваме дека септемврискиот број на јапонски Вог ќе се продаде за многу кратко време.