Лејди Гага ќе го прослави роденденот со отворање на галерија во Њујорк

28 март 2014

Лејди Гага ќе го прослави својот 28 роденден со лансирање на уметничка галерија на Тајмс Сквер во Њујорк.

Во истата, сите нејзини обожаватели ќе можат да уживаат во последните модни парчиња во кои таа се појави во нејзиното последно видео „G.U.Y“.

Контроверзната ѕвезда оваа недела го објави 11 минутното видео за песната „G.U.Y“ во кое може да се види во неколку различни, тотално уметнички комбинации.

За да го прослави огромниот успех на веќе иконското видео, Лејди Гага ќе ја отвори нејзината привремена галерија вечерва, целосно трансформирајќи го просторот во The G.U.Y Hotel каде нејзините обожаватели ќе можат да уживаат во нејзините креации од видеото.

На изложбата еден среќен обожавател на Лејди Гага ќе има среќа да добие два билети за нејзиниот концерт во Њујорк на седми Април.

Среќен роденден Лејди Гага!

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Актуел