Лејди Гага низ призмата на четири дизајнери

17 август 2013

гага

V Magazine ги претставува четирите алтер ега на Лејди Гага, со помош на креациите на Версаче, Армани, Сен Лоран и Баленсијага.

Кога сте Лејди Гага, една насловна не е доволна. Исто така, не е доволно да имате едно алтер его. Затоа Лејди Гага има четири - за секое по една насловна.

Секоја од насловните страници всушност претставува различен период од нејзиниот живот. V Magazine одлучи со секоја од фотографиите да оди и соодветно интервју-анализа од Марина Абрамовиќ и како се одвивало модното снимање.

За Гага на Армани, пејачката вели дека е прва инкарнација од неа самата.

Армани Армани

Армани Армани

Армани Армани

 

Кога е замислата на Сен Лоран во прашање, Гага вели:

-Ова сум јас, онаква каква што најмногу се прашам дека повторно ќе бидам. Онаа Гага која ја оставив зад мене“, објаснува пејачката.

Сен Лоран Сен Лоран

Сен Лоран Сен Лоран

Третата Гага е онаа на Версаче.

-Оваа насловна е најновата трансформација во мојата долга љубовна афера со Версаче. Донатела ми ги даде сите архиви на располагање за албумот Born this way и тоа беше само почеток на сонот, кој се чини нема да престане.

Версаче Версаче

Версаче Версаче

Версаче Версаче

Версаче Версаче

И на крајот, и Баленсијага ја даде својата замисла за Гага, а таа ја објасни нејзината перцепција:

-Во овој избор на Баленсијата, чувствувам страст и бестрашност, како мојата коса и тело да се запалени - објаснува Гага.

Баленсијага Баленсијага

Баленсијага Баленсијага

Баленсијага Баленсијага

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Актуел