Лена Данам и Бред Пит станаа модни дизајнери

9 април 2021

Од светот на шоу-биз сцената доаѓаат интересни вести, а поврзани со модата.

Имено, Лена Данам и Бред Пит се впуштија во дизајнерски води - секој со посебен проект.

Познатата актерка, сценаристка и авторка во соработка со брендот „11 Honore“ дизајнираше мини колекција од 5 парчиња, наменета за жени кои носат величина од 42-54. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lena Dunham (@lenadunham)

Како вели самата, флуктуирала од 36 до 46 големина, воглавно поради здравствени проблеми (ендометриоза, а минатата година Ковид-19, од вирусот била погодена и хипофизата, па морала да зема и стероиди) поради што искусила и бројни злобни коментари.

Сепак, останала доследна на себе и одлучила да ужива во своето тело, без оглед на големината и да носи што ќе посака. Но, ретко успевала да најде соодветна облека за себе, па токму затоа и се одлучила да се проба во улога на дизајнерка и да им овозможи на жените кои се соочуваат со ист проблем како и таа, подобро искуство.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lena Dunham (@lenadunham)

 Од друга страна, Бред Пит креираше колекција машка облека во соработка со италијанскиот бренд „Бриони“.

Пит е нивни амбасадор уште од 2019 година, а конкретната колекција е инспирирана од неговиот стајлинг за минатогодишните „Оскари“.

Колекцијата го носи називот: „BP Signature“ и содржи парчиња што и актерот би ги носел - мантил со дворедно закопчување, јакна од кашмир, кашмирски џемпер, елегантен капут, сомотско сако со волнени панталони, памучни кошули итн..

Секое од парчињата има специјално дизајнирано лого со потписот на Бред Пит, а цените се движат од 550 евра за кошула, до 4.100 евра за волнено одело.

Па, да се изгледа како Пит и не е баш така евтино :)

За потсетување, пред него, амбасадори на брендот беа, меѓу другите, Пирс Броснан, Ентони Хопкинс и Семјуел Л. Џексон.

 

 

Објавено:
9 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
218 пати