Таа е дефинитивно една од најубавите манекенки кои некогаш се појавиле на модните писти, која со својот неверојатен шарм и сексапил години наназад освојува бројни насловни страници на светските магазини.

Изминатиов период, Летиција Каста сериозно недостасуваше во магазините, на модните писти и во едиторијалите, но овие денови повторно нѐ израдува со нејзината појава.

Сосема различна, но подеднакво убава, со секси куса фризура, Летиција се појави на страниците на шпанското издание на Harper’s Bazaar во одлични парчиња со потпис на Балман, Муглер, Спортмакс и уште многу други.

Стајлингот на едиторијалот го потпишува Хуан Себриан, а фотографиите се дело на Алик. 

 

Објавено:
22 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
833 пати