Лили Колинс во креација на Матичевски на црвениот килим
•
5 декември 2014
Актерката која има префинето стилско сетило, Лили Колинс, воодушеви со уште едно нејзино појавување на црвениот килим. Овој пат на премиерата на филмот „Со љубов, Роси” во Токио, таа се појави во раскошна креација од австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.
Во интензивна портокалова боја, фустанот во горниот дел е корсетиран, додека од половината надолу продолжува во широка фалтирана А линија со странични џебови. Дополнителен урбан ефект дава и патентот во задниот дел.
Ова ексклузивно парче е дел од ресорт колекцијата на дизајнерот за 2015 година во која преовладуваа женствените силуети на моделите, кроевите во А форма, како и длабокиот централно поставен шлиц на дел од здолништата.