Лима и Версаче се добитна комбинација за брендот Riachuelo

31 октомври 2014

После најавата во јули месец, неодамна излегоа првите фотографии од соработката на Адриана Лима и Riachuelo. На фотографиите моделката носи модели на Версаче, што оваа кампања на бразилкскиот бренд ја прави уште повпечатлива. Целта на Riachuelo беше да создаде капсулна колекција, па ги спои силите со италијанскиот бренд, а резултатот допрва ќе се види.

Кампањата е фотографирана од страна на фотографското дуо Мерт и Маркус, кое е задолжено и за ноемвриската насловна страна париското издание на Вог.

-Ги сакам Бразилците поради нивната сила, виталност и убавина. Мојата колекција за брендот е своевидна експлозија што се случи од средбата со жена во стилот на Версаче - изјави сопственичката на Донатела.

За сега објавени се само две фотографии од соработката, а остатокот се очекува наскоро.

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Актуел