Линда Евангелиста се враќа на модната сцена со кампања на Fendi

19 јули 2022

Откако Линда Евангелиста, икона во модниот свет, одлучи да се пензионира и да се повлече од јавноста и светот на модата поради козмететичкиот третман кој „тргнал наопаку", како што вели таа, манекенката сепак повторно се враќа на модната сцена со нова кампања.

Фото: buro247.hr

Овојпат Евангелиста застана пред објективот на Стивен Мајзел и позираше за специјална кампања за најпопуларната чанта Baguette на Fendi по повод 35 години од познатата чанта. На кампањата работеше докажан тим од професионалци. Зад стајлингот застана Карлин Серф Де Дудзиле, шминката беше на Пет Мекграт, додека пак фризурата е на Гвидо Палау.

Во чест на овој специјален роденден, на 9 септемви Fendi ќе организира прослава и модна ревија во Њујорк. Постои верување дека за оваа ревија Fendi ќе соработуваат со Марк Џејкобс и Ким Џонс, кои го презедоа креативното раководство на брендот пред две години.

Фото: buro247.hr

Објавено:
19 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
493 пати