Познатата онлајн продавница MyTheresa.com има нова хероина. По Викторија Бекам, Дајан Кругер, Карин Ројтфилд и уште неколку познати и инспиративни жени, Лив Тајлер е десеттото по ред заштитно лице.
Соработката ја започнаа со одлична фотосесија во која убавицата е стилизирана со ексклузивни парчиња што секако може да се купат на MyTheresa. За фотосесијата, Лив носи здолниште во црно-бели пруги од Валентино комплетирано со чанта со истиот принт и удобна и топла, плетена блуза.
Ваквиот ангажман за ќерката на рок ѕвездата Стивен Тајлер, воопшто не е невообичаен, со оглед на фактот дека со манекенство се занимава од нејзината 13-та година.
„Во одност на стилот, вистински пример од секогаш ми биле моите мајка и баба. Тоа е совршен микс на рокенрол и класика", вели актерката.
Инаку овој проект на стилски амбасадори, онлајн продавницата го започна во 2013 година и од тогаш во континуитет, периодично избира познати жени за свои заштитни лица. Прв амбасадор на MyTheresa беше Викторија Бекам.