Лондонски бренд за чанти ќе се претстави во Скопје

20 јануари 2015

10686859_692347044215726_1553234356655221394_n

Во кафе-барот Концепт 37, утре од 19 до 21 часот за првпат во Македонија ќе се оддржи изложба на рачно изработени чанти на брендот L&E од Лондон.

Ќе бидат презентирани модели од зимската колекција со 20 проценти попуст, а присутните ќе имаат можност да направат и преглед на летната колекција, која ќе може да се купи во претпродажба.

Инаку, од брендот велат дека чантите се изработени од различни најквалитетни материјали. Зимската колекција е изработена од италијански флиц додека летна колекција се изработува од нов вид на еко кожа каја е направена од целулоза (хартија). Со оваа најнова и ексклузивна техника се добива сосема нов вид на еко кожа која е водоотпорна и лесна за одржување. Карактеристично за овој материјал е што е значително полесен во тежина од вистинската кожа што ја прави уште покарактеристична и поразлична.
„ Една од нашите главни цели е да имаме дамски чанти кои се city bags а од друга страна се и практични и лесни како casual bags. Чантите освен што се практични исто така се и нумерирани, концептуално дизајнирани и изработени во мали серии од по 10 парчиња по модел и боја што ги прави единствени“, се вели во соопштението од брендот L&E.

Исто така, потенцираат дека со ова сакаат да се врати здивот на македонското занаетчиство и да се стави Македонија на мапата на земји со уникатна и квалитетна рачна изработка.

После изложбата, моделите ќе останат изложени за продажба. Па сите вие што сакате да ги видите овие чанти што ќе ви го направат животот поедноставен, а сепак гламурозен, не ја пропуштајте утрешната можност.

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Актуел