Лорен Хатон влезе во историјата на „Вог“

6 октомври 2017

Октомврискиот број на италијанското издание на „Вог“ има три насловни, на кои се појавува легендарната 73-годишна актерка и манекенка, Лорен Хатон.

 

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia) onOct 3, 2017 at 11:51pm PDT

 

 

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia) onOct 4, 2017 at 1:18am PDT

Таа воедно стана и највозрасната жена што некогаш се нашла на насловна страна на овој магазин.

Но, италијанскиот „Вог“ направи уште еден чекор во борбата против предрасудите и возрасните граници. Во ова издание нема дама помлада од 60 години, па токму затоа овој октомвриски број уште се нарекува и „безвременскиот Вог“.

 

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia) onOct 4, 2017 at 2:39am PDT

Инаку, Лорен, која за месец дена ќе наполни 74 години, успеа да го сруши рекордот на магазинот долг 125 години. Пред неа, Тина Тарнер беше највозрасната дама на насловна на магазинот. Пејачката се сликаше за германското издание на „Вог“ кога имаше 73 години и четири месеци.

„Ова е најважната насловна страна на која сум работела некогаш. Веќе извесно време размислував за таа идеја, а само уредниците на италијанскиот „Вог“ имаа храброст мојата идеја да ја спроведат во реалност. Оваа насловна има моќ да го смени мислењето на општеството. Оваа насловна прикажува жена која е атрактивна, жива, која се смее и тоа за прв пат која е моја возраст“, изјави Хатон. Инаку, таа досега се појавила 40 пати на насловна на „Вог“, од кои 27 пати за американското издание и 13 за останатите, меѓународни изданија.

 

фото извор: hypebae.com;

Објавено:
6 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
273 пати