Луј Витон ги отвора вратите на слаткарницата-чоколатерија во Париз

23 ноември 2022

Maxime Frédéric at Louis Vuitton е името на кафулето / продавницата за слатки и чоколади што се отвора на 12 декември годинава, во LV Dream, најновата изложбена сала на Луј Витон.

Фото: Vogue

Повикувајќи ги сите љубители на слатки и вљубениците на креациите на шефот Максим Фредерик, ова ново фасцинантно кафуле ќе биде отворено покрај Pont Neuf, во непосредна близина од Шевал Блан – каде работи талентираниот слаткар, веднаш спроти Самаританија.

Во LV Dream, оваа нова изложбена сала ќе ги прикаже историските и иновативни креации на луксузниот бренд, а потоа можете да седнете и да уживате во ексклузивните задоволства создадени од мултиталентираниот слаткар.

Фото: Vogue

Инаку, Максим Фредерик – актуелниот слаткар со 3 ѕвезди на Шевал Блан, кој работеше во Le Meurice по Седрик Гроле и Four Seasons George V – е крунисан со наградата Gault&Millau 2022 за колач на годината. Односно, неговиот талент е неверојатен и светски признат.

Фото: sortiraparis.com

Иако веќе може да се ужива во неговите креации во Limbar, Plénitude или Tout Paris, сега можете да да ги вкусите и во кафулето на Pont Neuf, сместено во бујна тропска градина, со отворените прозорци кон Сена и Самаританија кои нудат прекрасен поглед на Париз.

Фото: Vogue

Фото: sortiraparis.com

Објавено:
23 ноември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
343 пати