„Луј Витон“ има нова чанта
•
18 мај 2022
Брендот „Луј Витон“ неодамна ја претстави кампањата за пролет/лето 22, за новата чанта „Dauphine“. Заштитни лица се американската актерка Ема Стоун, Индијката Дипика Падуконе и кинеската актерка Џоу Донгју.
Модниот бренд ја ангажираше Дипика за да биде нов амбасадор на брендот, со што станува и првата индиска актерка која остварила соработка со „Луј Витон“.
Зад фотографиите се потпишува Итан Џејмс Грин, а од брендот велат дека не случајно се одбрани овие актерки.
Според нив Дипика го претставува слободниот дух на чантата, Ема Стоун безвременската елеганција на класичниот, но и модерен дизајн, додека Џоу Донгју Донг ја нагласува софистицираноста на чантата.