LVMH купи акции од брендот за обувки, Николас Кирквуд. Точните бројки од продажбата се уште не се познати. Но, договорот има задача да му помогне на брендот да се прошири на меѓународно ниво, притоа овозможувајќи му на истоимениот дизајнер да се фокусира на креативните аспекти од бизнисот. Шпекулациите во врска со соработката на овие два бренда почнаа во март оваа година.
„Јас сум навистина многу возбуден и горд што се случи ова партнерство. LVMH е дом на најславните и најпочитуваните брендови и дом на најголемите таленти и креативни умови во рамките на модната индустрија, а има и мошне истанчен вкус за луксуз кога се дизајните во прашање. Од мојата прва средба со Делфин Арно и Пјер Ив Расел, беше кристално јасно дека LVMH е најдобар избор за партнер на нашиот бренд, бидејќи тука вредностите на дизајнот, креативноста и изработката се на врвно ниво“, изјави Кирквуд.
Никола Кирквуд
Луксузниот конгломерат во кој влегуваат Кристијан Диор, Луј Витон, Живанши и Селин, веќе некое време има во план да ги прошири своите видици, не само со воведување на бренд за обувки туку во план и е во иднина да склучи договор и со некој бренд кој изработува чанти.
„Ние сме почестени што имаме можност да соработуваме со Николас Кирквуд. Неговиот талент за дизајн на чевли е навистина исклучителен, а јас лично сум импресиониран со неговата посветеност и иновативниот начин на работа. Во текот на нашите состаноци, впечаток ми остави неговото знаење од областа на претприемаштвото и набрзо сфатив дека ги делиме истите мислења, визии и верувања во поглед на професијата“, рече Арно.